„Уралвагонзавод“ работи на 152-мм хаубица со брзо темпо на стрелба! (ФОТО)

Komsomolskaya Pravda/Global Look Press
Перспективното самоодно артилериско орудие со голема брзина на гаѓање ќе обезбеди тактичко-техничка супериорност над потенцијалниот противник. Во моментов проектот се наоѓа во фаза на научно-истражувачка работа. Процените се дека основната идеја е проектирање нов самооден артилериски систем со двоцевни/спарени орудија со калибар 152 мм кој ќе биде монтиран на гасеничната платформа „Армата“.

Концернот „Уралвагонзавод“ со својот тим експерти се занимава со развој на тешко самоодно артилериско орудие со голема брзина на гаѓање кое е предвидено да се интегрира со гасеничната платформа „Армата“. Ова го пренесе новинската агенција anna-news.info повикувајќи се на извори од рускиот воено-индустриски комплекс.

Перспективното самоодно артилериско орудие со голема брзина на гаѓање ќе обезбеди тактичко-техничка супериорност над потенцијалниот противник. Во моментов проектот се наоѓа во фаза на научно-истражувачка работа. „Во рамките на програмата за проширување на линијата борбени возила кои ја користат платформата „Армата“, како дополна на веќе комплетираниот тенк, бробеното возило на пешадијата и инженериската машина, концернот „Уралвагонзавод“ работи и на тешко самоодно артилериско орудие со калибар 152 мм кое ќе има зголемена брзина на гаѓање“, рече еден од изворите од рускиот воено-индустриски комплекс за рускиот веб-портал РИА „Новости“.

Покрај тоа, друг извор рече дека перспективното самоодно артилериско оружје базирано на платформата „Армата“ ќе има посовршен борбен модул во однос на моделот 2С35 „Коалиција-СВ“, со посебен осврт на зголемување на темпото на стрелба: „Во рамките на проектот се разгледува можноста за проектирање нов самооден артилериски систем со двоцевни/спарени орудија со калибар 152 мм, што би овозможило неверојатно зголемување на брзината на стрелба во категоријата самоодни хаубици на дури 30 гранати во минута“- изјави соговорникот на веб-порталот РИА „Новости“.

Платформата врз база на гасеничарот „Армата“ има далеку поголеми димензии од претходните оклопни платформи (обт T-90), кои беа користени за комплетирање на самоодни артилериски оружја. Ова овозможува интеграција на далеку поголем борбен отсек на кој може да се имплементираат спарени хаубици со калибар 152 мм. Едноставно кажано, вака конципираното орудие е во согласност со новите тактички поставки кои ќе имаат примарно значење при изведувањето борбени дејствија карактеристични за 21 век. Современите средства за извидување и способноста за контрабатирање им оставаат сé помалку време на артилериските екипажи кои мораат да го изведат целиот процес на гаѓање и промена на огнената позиција за што пократок временски период. Значи, практичното решение за таквите ситуации е зголемување на огнените можности на орудието (темпото на гаѓање) кое во минимален временски рок би било во состојба со голема количина гранати да ја уништи својата цел и да исчезне од линијата на огнот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња