Ова на новинарите им беше соопштено од рускиот воен ресор, пренесува РИА „Новости“.
Тестирањата се одржаа на полигонот „Сари Шаган“ во Казахстан.
Како што изјави командантот на единиците за ПРО на Воздушно-космичките сили (ВКС), генерал-мајор Сергеј Грабчук, „новата противракета на системот за ПРО по серијата тестирања со сигурност ги потврди поставените карактеристики, а борбените екипажи успешно ја завршија задачата, погодувајќи ја целта со зададената прецизност“.
Според Министерството за одбрана, од 2017 до 2021 година, на полигонот „Сари Шаган“ се одржаа десет лансирања на новата противракета.
По еден од тестовите, Игор Коротченко, член на јавниот совет при Министерството за одбрана, изјави за РИА „Новости“ дека нејзиниот прием во вооружувањето ќе овозможи суштинско зголемување на можностите на системите за противракетна одбрана на Москва и Централниот индустриски регион. Според него, станува збор за ракетата 53Т6М, која е наменета да ги замени старите противракети базирани во подземни силоси, кои сега ја обезбедуваат работата на системот А-135. Оваа информација не е официјално потврдена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче