Сликата е симболична
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressЗа ова пишува весникот „Краснаја звезда“ и наведува примери кога луѓето го загубиле животот бидејќи не им била укажана помош на време. Последниот таков случај се случи кон крајот на минатата година. Во Баренцовото Море се крена силна бора со многу ниска температура на воздухот. Во неа потона рибарскиот брод „Онега“. 17 луѓе го загубија животот. Рибарите имаа опрема за спасување, но не можеа да ја применат бидејќи водата ја однела.
Поради такви ситуации дроновите можат да ја преземат функцијата на спасувачи, пишува наведениот весник. Додека се приближуваат до местото на бродоломот, тие можат да му испратат на операторот телевизиска слика од местото на настанот и на зададена точка да спуштат самоодно пловило со чамец на надувување и аеростат со радио-предавател.
Самоодното пловило возило е опремено со светлосни сигнали и разглас. На тој начин, луѓето добиваат информации и морална поддршка. По спуштањето во вода, аеростатот се полни со гас и се крева на висина што се регулира со јаже врзано за лебдечко сидро. Користејќи ги радио-предавателот и видео-уредот, тој далечински управува со самоодното пловило и процесот на спасување.
Начинот на достава на спасувачкото средство веќе е патентиран. Проектот беше претставен на 23-та Московската меѓународна изложба за пронајдоци и иновативни технологии „Архимед 2020“, каде што беше награден со сребрен медал и вклучен во базата на податоци на Федералната служба за интелектуална сопственост („Роспатент“).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче