Руската армија прикажа ново возило за опремување на своите специјални аеромобилни групи (ВИДЕО)

Скриншот / Министерство за одбрана на РС

Возилото може да се смести во кабината на воено-транспортен хеликоптер Ми-17, или, со помош на специјални сајли, може да се носи на неговите надворешни носачи. Претпоставената тежина на празното возило е околу 1400 килограми, така што практично еден хеликоптер, во овој случај Ми-17В-5 хипотетички би можел да носи две вакви возила (1 во кабината + 1 на надворешните носачи). На него можат да се монтираат тешки митралези со калибар 12,7 мм („Корд“, заб. на авторот), автоматски фрлач на гранати (АГС-17 Пламја/Балкан), а потенцијално и противтенковски ракетен систем „Корнет“. 

Улјановските падобранци на стратешката воена вежба „Запад 2021“, која заеднички ја реализираат војските на Белорусија и Русија, ги употребија и новите лесни специјални авиотранспортни автомобили „Сармат 2“. Ова на руските новинари им беше пренесено од руското Министерство за одбрана.

„Во рамките на заедничките стратешки воени вежби на војските на Русија и Белорусија „Запад 2021“ на полигонот Мулино беше реализиран тактички воздушен десант на Улјановската самостојна гардиска десантно-јуришна бригада заедно со лесни транспортни средства за огнена поддршка и перспективните модели на лесното специјално транспортно средство „Сармат 2“ кои неодамна беа воведени во нејзиното вооружување“, велат од руското Министерство за одбрана, пренесува веб-порталот „Известија“.

Лесното воздушно возило „Сармат 2“ (припаѓа на класата возила наречени баги, заб. на авторот) може на многу тежок, испрекинат терен да превезува до тројца падобранци, како и товар до 600 килограми. Ова возило може да се користи во различни климатски зони (температурен опсег од -20 до +50 степени Целзиусови). Добро е за ридско-планински терени каде може да се искачи на планини кои се наоѓаат на 4500 метри надморска висина.

Возилото може да се смести во кабината на воено-транспортен хеликоптер Ми-17, или, со помош на специјални сајли, може да се носи на неговите надворешни носачи. Претпоставената тежина на празното возило е околу 1400 килограми, така што практично еден хеликоптер, во овој случај Ми-17В-5 хипотетички би можел да носи две вакви возила (1 во кабината + 1 на надворешните носачи). На него можат да се монтираат тешки митралези со калибар 12,7 мм („Корд“, заб. на авторот), автоматски фрлач на гранати (АГС-17 Пламја/Балкан), а потенцијално и противтенковски ракетен систем „Корнет“.

31-та гардиска самостојна десантно-јуришна бригада се наоѓа во состав на Воздушно-десантните сили на руската армија. Нејзиното седиште е во градот Улјановск. Формирана е врз основа на 104-та гардиска воздушно-десантна дивизија, која 1998 година беше трансформирана во бригада. Учествуваше во борбените операции на руската армија на подрачјето на Кавказот (Република Чеченија), како и за време на интервенцијата во Јужна Осетија во август 2008 година, каде учествуваше со една баталјонско-тактичка борбена група. Во одделни медиуми е регистрирано нејзино присуство и во Сирија, но тоа не е официјално потврдено. Спаѓа во една од најквалитетните единици во состав на руската армија. Се разгледува можноста врз нејзина база повторно формирање на 104-та гардиска десантно-јуришна дивизија, која би била пополнета со три падобрански полка.

Формациски состав на бригадата се состои од команда и приштапски делови, еден падобрански баталјон, два десантно-јуришни баталјона, еден артилериски дивизион, една чета за материјално-техничко обезбедување, една ескадрила воено-транспортна авијација и инженерска чета. Вкупната јачина на овој состав се проценува на 3500 војници и офицери. Комплетната единица се состои од професионален воен кадар.

Руската врховна посвети целосно внимание на техничкото унапредување на оваа бригада, особено кога станува збор за најновите борбени и транспортни оклопни средства кои се наменети за изведување падобрански десант. Имено, на 28 април 2017 година, во кругот на касарната во Улјановск, која е и дом на оваа бригада, се одржа свечена церемонија на примопредавање на баталјонски комплет што се состоеше од 50 единици БМД-4М и БТР-МДМ „Ракушка“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња