Во Русија измислена технологија за автоматски синхронизиран превод на видеа од англиски на руски

Russia Beyond
Сега секое видео од „Јутјуб“ и многу други услуги може да се гледа со руски аудио превод. Ова може да биде интересно за оние што го изучуваат рускиот јазик. Во иднина оваа технологија ќе функционира и на други јазици.

Руската интернет-компанија „Јандекс“ лансираше на својот пребарувач „Јандекс.Браузер” нова функција за автоматско преведување видеа од англиски на руски јазик, се наведува во соопштението за медиумите на оваа компанија.

„Целосното отстранување на јазичните бариери на интернет е една од нашите најважни задачи. Почнавме да ја решаваме уште во 2011 година и денес можеме да ги преведеме сите основни видови содржина: текст, слики, видео. Понатаму, во преводот на видеоматеријалите ќе додаваме нови јазични парови и гласови, помагајќи им на тој начин на луѓето да дознаат нешто ново и да уживаат во тоа“, соопшти за vc.ru прес-службата на Јандекс.

Функцијата се состои од глас што го преведува оригиналниот текст на руски јазик и се слуша преку оригиналниот звук. Се користат само два гласа - машки и женски.

Аудио преводот се реализира на следниот начин: невронската мрежа го препознава говорот, го претвора во текст и го разложува на реченици. Потоа системот го препознава полот на говорникот, ги преведува речениците на руски, го синтетизира гласот и го поврзува преводот со снимката.

Со помош на оваа технологија можат да се преведуваат снимки на „Јутјуб“, „Вимео“ и на уште некои други популарни платформи. За да го направите тоа, доволно е да инсталирате „Јандекс.Браузер“, да пуштите било кое видео, на пример, на „Јутјуб“, притиснете го копчето „Преведи“ (Перевести) и да почекате малку. Преводот може да потрае неколку минути, во зависност од должината на снимката.

Преводот не функционира на сервисите со платена содржина, како што се „Нетфликс“ или „Амазон Прајм“.

Руските корисници на интернетот веќе ја коментираа новата функција и предложија неколку нови идеи:

„Следниот проект на „Јандекс“: сите странци почнуваат да зборуваат руски. Ништо лично, тоа е само бизнис“.

А вака невронската мрежа преведе извадок од филмот „Крв и бетон“, многу популарен во Русија (благодарение на многу експресивниот синхронизиран превод на Андреј Гаврилов).

Функцијата е достапна на „Яндекс.Браузер” за Windows, macOS, Linux и Android и во апликацијата Yandex за Android и iOS.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња