Медицинска сестра на Арктикот сама излекува од ковид екипаж на патнички брод

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Медицинската сестра Аљона Кириловскаја од населбата Воронцово, која се наоѓа над Поларниот круг, 400 километри од Дудинка, излечи од коронавирус екипаж на патнички брод.

Како што соопштува „Комсомолскаја правда“, во август двајца чланови на екипажот на бродот ОТ-2069 дошле кај 25-годишната Русинка во станицата за брза помош и соопштиле дека на бродот има болен маж. Ја однеле со чамец до бродот, каде што таа му пружила помош на 60-годишен државјанин на Русија.

„Веднаш сфатив дека има коронавирус. Многупати имам работено во лекарската екипа на ковид-амбулантата во Дудинка, а тука симптомите беа очигледни. Не беше можно да се направи ПЦР-тест на лице место, па се потпрев на моето искуство. Човекот е во години, има отежнато дишење и долго време не сакал да го напушти бродот“, раскажува Кириловскаја.

Таа додава дека по прегледот морала да повика санитарна авијација, така што пациентот бил однесен во болница. По контактот со заразениот член на екипажот, од коронавирус се заразилле уште 15 лица. Медицинската сестра испратила два потешки случаи со хеликоптер во Норилск, а останатите ги лекувала сама.

„Имав шише со кислород, го користев за потешките пациенти на кои им опадна сатурацијата и го губеа здивот“, раскажува Аљона.

На крај таа ги излекувала сите членови на екипажот. Капетанот на бродот ОТ-2069 испрати изрази на благодарност до Министерството за здравство на Краснојарскиот крај.

Претходно главниот лекар на болницата во Комунарка изјави дека здравствениот систем треба да се управува според разликите и спецификите на регионот, особено кога станува збор за Крајниот Север и Арктикот. Тој истакна дека спецификата на укажување медицинска помош на Крајниот север и Арктикот во голема мера зависи од географската положба на регионот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња