Се работи за наследникот на познатите преносни системи „Игла“, а неговите креатори се инженерите на научно-опитниот центар „КБ машиноградба (КБ машиностроения). Основната задача на „Врба“ е борба против широк спектар воздушни цели, кои масовно применуваат средства за избегнување проектили опремени со инфрацрвени самонаведувани боеви глави. Тоа ќе ѝ го овозможи исклучително модерната мултиспектрална ИЦ самонаведувана боева глава која работи во три режими - ултравиолетов и две инфрацрвени. Ваквиот самонаведуван контролен блок многу ефикасно ќе ги распознава лажните мамки и ќе ја насочи ракетата кон вистинската цел, во сите временски услови, без оглед на прозрачноста на небото. Интегрираната боева глава ќе има далеку поразорен ефект при експлодирањето, што значително ќе го зголеми и активирањето на горивото што се наоѓа во телото на ракетата. Таквата експлозија тешко дека ќе можат да ја преживеа дури и најотпорните воздушни цели како што се оклопните јуришници.
Значително се зголемени хоризонталните и вертикалните дострели на оружјето во однос на претходните модели. Лесниот преносен ракетен систем „Врба“ е способен да собори цел на далечина и до 6400 метри, додека висината во однос на своите претходници (Игла-С) е зголемена за цели 1000 метри и сега изнесува респектабилни 4500 метри. Ваквите карактеристики на ЛПРС „Врба“ практично во целост ќе оневозможат употреба на тнр. фронтовска јуришна авијација и борбени хеликоптери, што до крајни граници го усложнува ефикасното изведување на една воздушно-копнена борбена операција.
Покрај сето ова, во комплет со „Врба“ доаѓа и компактен радар кој во услови на силно противелектронско попречување може да открие воздушни цели на далечини и до 80 км. Десетици вакви радари и огнени единици можат да бидат поврзани во тактички управувачки пункт „Барнаул-Т“, што во огромна мера ќе ја зголеми ефикасноста на овие единици. Ова е од исклучителна важност затоа што досега стрелците, наоружани со овие средства, се потпираа исклучиво на својот вид. Човечкото сетило за вид има прилично ограничувачки можности кога станува збор за откривање минијатурни цели што летаат на голема висина. Сега тоа повеќе нема да биде случај. Сите заседни места ќе бидат покриени со минијатурни радари кои се поврзани преку „Барнатул-Т“ со средства за ПВО со среден и голем дострел. Сега, операторите на ЛПРС ќе имаат значително поголеми можности кога станува збор за подготовка за дејство по целта што допрва доаѓа. На пример, тоа е исклучително важно за ефикасно формирање заседи и затворање воздушни коридори кога непријателот во својата тактика масовно користи крстосувачки ракети како основно средство во првата фаза на нападот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче