Рускиот борец во мешовити боречки вештини Фјодор Емелјаненко поднесе документи за запишување на магистерски студии на Воронешкиот државен агрономски универзитет „Петар I“, изјави за РИА „Новости“ претставник на комисијата за прием на студенти на овој универзитет.
„Емелјаненко поднесе документи за упис на Факултетот за агрономија, агрохемија и екологија за магистерски студии на насоката „Овоштарство“ на вонредниот оддел“, изјави соговорникот на агенцијата. Според него, на оние што поднеле документи им претстои полагање на неколку испити, по што на крајот на септември ќе биде запишувањето. Испитите за упис на магистерски студии започнуваат следната недела.
Емелјаненко е четирикратен светски шампион во мешовити боречки вештини во тешка категорија според верзијата Pride FC, двократен според верзијата RINGS, двократен според верзијата WAMMA, четирикратен светски шампион и деветкратен шампион на Русија во боречко самбо.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче