АКТУЕЛНО: Military Watch ја откри „ахиловата петица“ на американските носачи на авиони

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Американски воени експерти кои пишуваат за специјализираниот интернет-портал Military Watch коментираат зошто воздухопловната група стационирана на американските носачи на авиони е немоќна во борбата против новата генерација противбродски ракети што ги развива Русија, како и други земји, како што се НР Кина и Северна Кореја.

Воената морнарица на САД, потпирајќи се исклучиво на базирање на повеќенаменските ловци F-18 Super Hornet, значително ја намали, поточно ја оневозможи ефикасноста на своите носачи на авиони, пишува американскиот интернет-портал Military Watch.

Како што забележува авторот на овој текст, по воведувањето на овој ловец во оперативна употреба, Пентагон се надеваше дека неговата експлоатација (вклучувајќи го и техничкото одржување) ќе биде значително поевтина кога станува збор за целокупната функционалност на ударните поморски групи предводени од носачите на авиони. Имено, овој ловец ги замени дотогашните бомбардери-јуришници А-6 Intruder и ловците-пресретнувачи F-14 Tomcat. Меѓутоа, со овој потег значително се намали оперативниот борбен радиус на ударната авијација на носачите на авиони, бидејќи F-18 немаше толкав долет како и соодветното вооружување како претходните две летала.

„Преминувањето од ловецот-пресретнувач F-14 Tomcat на повеќенаменски ловци F-18 Super Hornet ја намали зоната на пресретнување на воздушната флота базирана на носачи на авиони за неверојатни 77%, што можеби беше прифатливо по завршувањето на Студената војна бидејќи експлоатацијата F-14 Tomcat бараше повеќе издатоци“, се напоменува во овој текст што го пренесува веб-порталот РИА „Новости“.

Меѓутоа, во овој момент, потребата за токму овој тип на авиони е повеќе од очигледна поради појавата на модерни средства на потенцијалниот непријател. Имено, Русија, Северна Кореја и Кина воведоа во вооружувањето нова генерација противбродски ракети со голем дострел, што ќе ги натера ударните поморски групи со носачи на авиони да се оддалечат што е можно подалеку од копното.

Во врска со овој сериозен проблем, американската Воена морнарица наскоро ќе мора да поработи на усвојување на нов палубен ловец од шеста генерација, кој ќе мора да одговори на строгите барања за ефективна борба во воздушниот простор на големи далечини, истакнува експерт.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња