Путин рече дека нема мобилен телефон

kremlin.ru
Рускиот претседател го изјави тоа на отворањето на пленарната сесија на Источниот економски форум.

Претседателот на Русија Владимир Путин, отворајќи ја во петок, 3 септември, пленарната сесија на Источниот економски форум, на учесниците на средбата им рече дека не поседува мобилен телефон.

Поздравувајќи ги лидерите на земјите кои учествуваат на форумот, модераторот на дискусијата, тв-водителот Сергеј Бриљов, рече дека го гледал Путин пред да се качи на сцената. „И се уверив дека не сте Ангела Меркел“, му се обрати тој на шефот на руската држава. „Ми се чини дека не беше тешко да се забележи, но ви благодарам за тоа“, се насмеа Путин. „Сигурно немате мобилен телефон со вас, така што сигурно нема да ви заѕвони“, објасни Бриљов.

За време на неодамнешните разговори во Кремљ помеѓу претседателот на Русија и канцеларката на Германија, на Ангела Меркел ѝ заѕвони телефонот.

Модераторот го праша и рускиот лидер дали воопшто има мобилен телефон. „Немам“, призна Путин.

Претходно, рускиот претседател и неговиот портпарол Дмитриј Песков повеќепати зборуваа за тоа дека на претседателот на земјата не му треба мобилен телефон, бидејќи тој има други начини брзо да контактира кого било. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња