На „АрМИ 2021“ учествуваат најмногу девојки откако се организираат овие игри. Годинава девојките-војници покажаа невиден интерес за Меѓународните воени игри. Во седум различни категории зедоа учество вкупно 140 претставнички на понежниот пол од 23 земји. Претходно девојките се натпреваруваа надвор од категорија, а сега се натпреваруваат рамо до рамо со мажите.
„Девојките-војници покажуваат високи резултати на Меѓународните воени игри, а понекогаш се и подобри од мажите“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Татјана Шевцова на отворањето на натпреварот „Чувар на редот“ во Србија.
Жени од 20 земји учествуваат на натпреварот „Армија на културата“, учеснички од осум земји се натпреваруваат во „Военомедицинска штафета“, професионални вештини и мајсторство на натпреварот „Воин на мирот“ демонстрираат претставнички на пет земји, додека женски тимови од три земји се натпреваруваат во категориите „Сигурен прием“ и „Верен пријател“, а кулинарските способности на натпреварот на воени готвачи ги докажуваат девојките од Русија во категоријата „Полска кујна“. Ниту натпреварот „Снајперска граница“ не остана без учеснички од понежниот пол.
Од година во година, на Меѓународните воени игри учествува сé поголем број претставнички на понежниот пол од различни земји. На „АрМИ 2021“, женски тимови учествуваат во натпревари што се одржуваат во Алжир, Ерменија, Белорусија, Узбекистан и Руската Федерација.
Веќе седма година по ред се зголемува меѓународната застапеност на жените во воена униформа на Меѓународните воени игри, и тоа не само меѓу учесничките, туку и во судискиот состав. Меѓународното жири на „АрМИ 2021“, кое се состои од арбитри од женски пол, ги претставува министерствата за одбрана на Венецуела, Мјанмар, Казахстан, Србија и Русија.
На „АрМИ“ беа соборени вкупно 21 светски рекорд, од кои три рекорди беа поставени од претставничките на понежниот пол.
„Три рекорди на Меѓународните воени игри во гаѓање од стрелечко оружје се постигнати со над 180 од можни 200 бодови. Тоа се две девојки од Узбекистан и една од Кина“, констатира главниот судија на „АрМИ 2021“ генерал-мајор Александар Перјазев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче