Во Србија забележан лесен тенк на советска шасија

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Лесниот тенк е надограден на шасијата на советското самоодно артилериско орудие 2С1 „Гвоздика“.

Во Србија се прави лесен тенк на шасијата на советското самоодно артилериско орудие 2С1 „Гвоздика“. Снимки од перспективната машина се појавија на форумот MyCity Military. Се смета дека тенкот го прави белградската компанија DLS Specijalni sistemi d.o.o.

Снимките беа објавени уште во мај, но дури сега се обрнува внимание на овој модел. Карактеристиките на перспективниот тенк не се познати, но врз основа на изгледот, може да се препознае шасијата на советската самоодна хаубица 2Ц1 „Гвоздика“. Погонскиот дел на хаубицата се базира на изменета шасија на тегначот МТ-ЛБ. „Гвоздика“ може да плови, да совладува искачување од 35 степени и на рамен пат да развие брзина од 60 километри на час.

Во српскиот модел, наместо купола со хаубица е поставен нов борбен модул. Судејќи според карактеристичната гасна сопирачка, основното орудие на тенкот е модернизираниот советски противтенковски топ МТ-12 калибар 100 мм. Ова орудие може да стрела со наведувани ракети.

Самоодното артилериско орудие 2С1 тежи 15,7 тони, така што овој тенк може да се класифицира како лесна машина. Противтенковскиот топ му овозможува на перспективниот тенк да се бори против тенкови и лесна оклопна непријателска техника.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња