Месинџерот „Телеграм“ инсталиран милијарда пати

Omar Marques / Keystone Press Agency/Global Look Press
Аналитичарите истакнуваат дека во првите шест месеци од 2021 година овој месинџер на својот телефон го инсталирале преку 200 милиони корисници, што е 61% повеќе од минатата година. Тоа, меѓу другото, има врска и со политиката на WhatsApp.

Месинџерот Telegram го инсталирале преку една милијарда корисници. Ова го објави порталот Tech Crunch, повикувајќи се на податоците на аналитичарите од компанијата Sensor Tower.

Притоа најголем број инсталирања има во Индија и тоа 22% од вкупниот број. Второто место го зазема Русија со 10%, а третото Индонезија со 8% инсталирања.

Аналитичарите истакнуваат дека во првите шест месеци од 2021 година овој месинџер на својот телефон го инсталирале преку 200 милиони корисници, што е 61% повеќе од минатата година. Тоа, меѓу другото, има врска и со политиката на WhatsApp.

Месинџерот на Павел Дуров е 15 апликација на светот која надминала милијарда инсталирања. 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња