Руски учесници на натпреварот „Чувар на редот“ (рус: „Страж порядка“) на Меѓународните воени игри, Кралево, Србија.
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressДисциплината армиско тактичко гаѓање, која неодамна беше воведена во програмата за обука на руската армија, им овозможува на припадниците на воената полиција да бидат сериозни ривали на најдобрите странски екипи на Меѓународните воени игри. Ова за ТАСС го соопшти Виталиј Рубељ, тренерот на рускиот тим на натпреварот „Чувар на редот“.
„Многу ни помогна увежбувањето на тактичкото гаѓање кое го вежбавме дома. <...> Затоа сега можеме да се мериме со најдобрите тимови“, изјави тој.
Според рускиот тренер, за време на тренингот во Русија, тимот тренирал со новиот пиштол „Јаригин“ од домашно производство, бидејќи тој има калибар 9х19 мм што го користат странските пиштоли, а покрај тоа, специјално беа набавени стари автомати АКМ со калибар 7,62 мм, кои многу личат на српскиот „Застава“.
„На игрите во Србија користиме странско оружје. Моравме да се навикнеме на нивните автомати „Застава“ М-70 7,62 мм“, истакна тренерот.
Рубељ објасни дека припадниците на руската воена полиција за неколку дена морале да се навикнат на пиштолите „Глок-17“ со калибар 9х19 мм и дека тоа им пошло од рака благодарение на благодарение на подготовката што ја направиле дома вежбајќи тактичко гаѓање.
„Не нé загрижуваше толку странското оружје колку подготовката за натпреварувањето во возила. Мислевме дека ќе треба да се возиме овде во „Ленд Ровери“ и бевме многу пријатно изненадени кога видовме дека српската воена полиција за нивните потреби купила УАЗ „Патриот“. Не требаше да се навикнуваме на возилата на туѓи возила“, нагласи рускиот офицер.
Меѓународната фаза на натпреварот „Чувар на редот“ на Воените игри првпат се изведува на територијата на Србија. Покрај рускиот тим, на натпреварот ќе учествуваат и припадници на воената полиција на Србија, Иран, Казахстан, Катар и Кипар. Претходниот ден меѓународната фаза на натпреварувањето ја отвори Татјана Шевцова, заменик-министер за одбрана на Русија.
Во согласност со одлуката на претседателот на РФ Владимир Путин за развој на применетите воени спортови и наредбата на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, во декември 2019 година во Русија беше формирана Федерација на армиско тактичко гаѓање. За време на овој тип на гаѓање, се отвора оган од различни позиции и се гаѓаат мети од различни дистанци, при што стрелците постојано се преместуваат и менуваат позиции. Главниот критериум за оцена на армиското тактичко гаѓање е потрошеното време и прецизноста на погодоците во мета. Оваа воена дисциплина се базира на најдобрите искуства од воената практика.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче