Русија, Московска област. Автономен носач на хидрофизичка апаратура со променлива пловност (АНХАПП), произведен во концернот „Морско подводно оружје - Хидроприбор“ (дел од корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“), на меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“ во паркот „Патриот“.
Николај Новичков/TASSКонцернот „Морско подводно оружје - Хидроприбор“ (дел од корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“) покажа на меѓународниот форум „Армија -2021“ подводен дрон за набљудување на дното што може да плови самостојно три месеци.
„Автономниот носач на хидрофизичка апаратура со променлива пловност (АНХАПП) се користи во системи за набљудување на ситуацијата, за извидување и радиоелектронска борба во подводна средина како носач на различна апаратура во согласност со задачата што ја извршува. Уредите АНХАПП можат да се користат при океанографско истражување на локалитети за време на подготовките за поставување подводен објект“, се вели во описот на дронот.
Заменик-генералниот конструктор на концернот „Морско подводно оружје - Хидроприбор“ Михаил Кетуев изјави за агенцијата ТАСС дека пловилото нема сопствен мотор, туку се движи благодарение на прелевањето на течноста во него и промената на пловноста во зависност од нејзината позиција. „За да може дронот да се движи низ водата, потребно е да го внесете во програмата за маневрирање во интегриран специјализиран компјутер“, рече тој.
Според Кетуев, пловилото може да носи камера, магнетометри, сонари и други уреди. „Брзината на движење не е голема, километар и половина на час. Но, тоа е сосема доволно, имајќи предвид дека може да функционира под вода долго време. Дронот може да се спушти на длабочина од 300 метри“, истакна претставникот на концернот.
Кетуев прецизира дека АНХАПП може да се користи за набљудување на дното на подрачјето на военопоморските бази. „Ние имаме акваторија на военопоморска база. Тука го пуштаме и тој го истражува дното, периодично проверува некои неидентификувани предмети да не се појавиле на него, да не донела водата ништо. Може да се користи и за барање мини. Лежечките мини на морското дно обично се кријат, се покриваат со тиња и при набљудувањето изгледаат како обичен подводен камен“, објасни тој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче