На форумот „Армија 2021“ претставена 3Д макета на Палмира

Вадим Савицки/Global Look Press
Руските научници на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“ ги претставија резултатите од хуманитарните мисии во Сирија, меѓу другото и 3Д макета на Палмира која ја уништија терористите.

Експозицијата е сместена во павилјонот посветен на конфликтот во Сирија, на територијата на „Партизанско село“ во паркот „Патриот“, соопшти Наталија Соловјова, заменик-директор на Институтот за историја на материјалната култура на Руската академија на науките , и додаде дека експозицијата ја сочинуваат работите на научниците на проектите „Палмира во времето и просторот“ и „Спасување на ранохристијанските храмови во Сирија“. Посетителите ќе можат да видат архивски, графички и фотографски материјали, макети и копии на делови од архитектурата изработени од руски експерти, како дел од проектот за зачувување на културното наследство во Сирија.

Научниците во 2016 година, веднаш по ослободувањето и хуманитарното деминирање на Палмира, му се обратија на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу со предлог да се изврши комплет работи за зачувување на објектите на Светското културно наследство. На тој начин е направена уникатна 3Д макета на Палмира, а потоа предадена како подарок на Сирија и УНЕСКО. Направен е и динамичен географски информациски систем „ГИС Палмира“, кој ги содржи сите информации за споменикот, како и најпрецизна 3Д макета на Баловиот храм, главното светилиште на Палмира. Според 3Д моделот е направена копија на капителот на аголниот пиластер на овој храм.

„Во текот на работата се документирани злосторствата на терористите: уништувањето на архитектонските споменици и многубројните пљачкашки ископувања на територијата на објектот на светското културно наследство“, рече заменик-директорот. Таа нагласи дека со помош на направениот дигитален модел на античкиот град и Баловиот храм, како и со помош на информатичкиот систем, можно е да се планираат работи за обнова и истражување на објекти без да се оди на локацијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња