Производителот објасни зошто на новиот дрон „Иноходец-РУ“ му е потребно високопрецизно оружје

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Се очекува новото беспилотно летало да го има својот прв лет годинава.

Руската војска ќе почне новите јуришни дронови „Иноходец-РУ“ да ги добива во 2023 година. Репортерите на телевизијата „Ѕвезда“ на форумот „Армија 2021“ поразговараа со претставникот на производителот на овој уред. Дмитриј Дрјагин, директор на филијалата „Кронштат“ во Санкт Петербург, ги изнесе предностите на овој дрон, чии димензии се поголеми од оние на обичниот модел „Иноходец“.

„Ова е продолжение на беспилотното летало„ Иноходец“ или „Орион“, но со поголеми димензии. Полетната маса на поновиот модел е зголемена од еден тон на 2,5 тони. Овој модел има повеќе функционални можности и поголем дијапазон на целни оптоварувања. Значително се поголеми како набљудувачките, така и јуришните можности. Значително е зголемена и автономијата на апаратот, т.е. должината на престојот во воздух и подобрена е примената на технологиите на вградена вештачка интелигенција“, вели Дрјагин.

Тој истакна дека толку големи дронови треба да користат високопрецизно оружје. Тоа овозможува нивниот потенцијал да се искористи во полна мера, бидејќи не е доволно да се полета во висини во кои е потешко да се собори дрон, исто така треба да се изврши и напад со голема прецизност. Затоа е потребно и високопрецизно оружје. На пример, оружје со навигациско или ласерско наведување, меѓу другото, и наведувани проектили „воздух-земја“.

„До крајот на годината, планираме да ја кренеме машината во небо“, прецизира Дрјагин.

Тој нагласи дека дронот е направен во прилично висок степен и дека повеќето од погонските делови се веќе изработени и сега се тестираат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња