Точно или неточно: Припадници на спецназот разоткриваат митови за оружјето

Чак Расел/Warner Brothers,1996.
Може ли истрел да се придуши со перница? Може ли човек да се скрие од куршум зад дрво?

Секој ден гледаме многу пукање во холивудските филмови. Одделни сцени се осмислувани од професионални стрелци и припадници на вооружените сили, но има и сцени кои не се ништо друго освен имагинација на режисерот.

Замоливме инструктор на руските единици за специјални операции да ги разоткрие најневеројатните митови за оружјето што можат да се видат во филмовите. Еве што ни кажа тој.

Мит број еден: Истрелот од пиштол не се слуша ако се пука низ перница

Неточно.

Истрелот ќе биде малку потивок, но перницата не може да промени ништо. Тоа е исто како да се пука низ стаклена волна (изолација). Ништо што имате во куќата не може да го замени придушувачот.

Кога станува збор за задушување на пукотот што настанува по истрелот, најголемиот проблем го прави муницијата. Пукотот што нашето уво го регистрира е всушност моментот кога куршумот го пробива звучниот ѕид и постигнува брзина поголема од 333 метри во секунда.

Можете да се обидете да го придушите истрелот на супсоничен куршум, но ништо нема да ви помогне да го скриете истрелот од стандарден пиштол.

Мит број два: Дрвото го спасува човека од куршуми

Точно и неточно.

Направивме слични тестови во неколку региони. Користевме АК-74 со муниција со калибар 5,45х39 мм. Некои дрвја спасуваат од куршуми, а некои не.

Сé зависи од вискозноста и цврстината на дрвото.

Брезата не спасува, ама храстот може да спаси.

Мит број три: Можете да убивате непријатели од два автомата – во секоја рака по еден

Неточно.

Ќе отворите оган во правец на целта, но не можете да предвидите каде ќе одлета куршумот. И затоа заборавете ги митовите од филмовите со Шварценегер и Сталоне, каде што во секоја рака држат по еден автомат и потепуваат педесетина луѓе наоколу. Тоа не е можно.

Пукањето од пиштол во секоја рака може да биде ефикасно во лифт или сличен тесен простор. Во секоја друга ситуација, само стрелец од светска класа може да погоди дури и од далечина од 15 метри.

Далеку поефикасно, попрецизно и побрзо е да држите еден пиштол со двете раце и да погодувате цели дури и на растојание од 30 метри.

Мит број четири: Куршумот се одбива од камен и рикошетира

Точно.

Сé зависи од аголот под кој куршумот го погодува каменот. Во таква ситуација, не е важно каков вид на муниција користите – панцирни куршуми или стандардна воена муниција со челично јадро.

Секој куршум ќе рикошетира.

Мит број пет: АК-47 пробива шини на пруга

Да.

АК-47 навистина пробива железнички шини со панцирни куршуми.

Од друга страна, обичниот куршум ќе остави вдлабнатина на шината само ако ја погоди под прав агол. Во спротивно, само ќе се одбие без да остави дури ни поголема гребнатинка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња