ВИДЕО: На интернет се појавија кадри од моментот на паѓање на хеликоптер Ми-17 во Мексико

Хеликоптер Ми-17 на Воената морнарица на Мексико се урна кратко време по полетувањето во мексиканската држава Идалго.

Хеликоптер Ми-17 на Воената морнарица на Мексико се урна кратко време по полетувањето во мексиканската држава Хидалго. Во леталото се наоѓаше министерот за внатрешни работи на државата Веракруз, а на социјалните мрежи се појави видео од инцидентот, пишува РИА „Новости“.

„Ви благодариме за поддршката по несреќата со хеликоптерот на ВМ, со кој вршевме инспекција на реоните погодени од ураганот „Грејс“. За среќа, поминавме без жртви. Продолжуваме да помагаме, иако има малку настрадани“, напиша на „Твитер“ министерот за внатрешни работи на на државата Веракруз Ерик Сиснерос Бургос.

На видеото од местото на несреќата, кое беше распространето на социјалните мрежи, се гледа како хеликоптерот по полетувањето губи висина, повторно се крева, потоа ја губи контролата и паѓа.

Ова е трета несреќа со хеликоптер Ми-17 во Мексико во последните три години. Во октомври 2018 година, во морето се урна хеликоптер за време на операцијата за борба против нелегалниот риболов, при што загина еден од членовите на екипажот. Во мај 2019 година, друг Ми-17 се урна при гаснење пожар во државата Сан Луис Потоси, при што загинаа 7 лица.

Последните испораки на овие хеликоптери во Мексико се случија во 2012 година. Вкупно 21 ваков хеликоптер се во експлоатација во земјата, од кои шест беа ремонтирани во 2019 година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња