Правата и широка делница од магистралата беше затворена за движење, а странично беа поставени аеронавигациски знаци. Просторот за одмор на шоферите се претвори во паркинг за авиони, бидејќи до него беа распоредени диспечерски пункт и систем за полнење гориво на бомбардерите, пишува „Росијскаја газета“.
Според сценариото на вежбите, основниот аеродром на авиополкот е подложен на масовен ракетен напад, но авионите успеваат да се дигнат во воздух и да долетаат до новото место. Така, еден по друг, тука започнуваат да пристигнуваат транспортни Ан-26 и Ил-76 со дополнителна муниција и копнена аеродромска техника.
Од воздух полскиот аеродром го покриваат хеликоптери Ми-8 и Ми-35. Тие ги штитат транспортните авиони при слетување, користејќи го искуството од современите локални конфликти, истакнува прес -службата на Западниот воен округ. Главната задача на обуката е непрекинато обезбедување на бомбардерите со сé што е неопходно за извршување на задачите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче