Главниот конструктор на „Алмаз-Антеј“ за способноста на руските ПВО-системи за борба со „Бајрактар“

Слободан Ѓукиќ

Турското ударно беспилотно летало „Бајрактар“ ​​е лесна цел за противвоздушните ракетни системи на Русија, изјави во интервју за РИА „Новости“ генералниот конструктор на „Алмаз-Антеј“ Павел Созинов.

„Бајрактар“, генерално, е стандардна цел за противвоздушниот ракетен систем. Тоа е голема цел, фактички авион со маса од 650 кг. Тој е многу ранлив бидејќи лета мошне бавно“, рече Созинов.

Со „Бајрактар“ ​​треба да се борат средствата чија „должина на раката“ го надминува опсегот на дејство на вооружувањето на дронот, истакна соговорникот. „Тој треба да биде откриен навреме, за што нема никаков проблем, и да биде погоден пред да успее да го употреби своето оружје“, објасни Созинов.

Концернот за воздушн-космичка одбрана (ВКО) „Алмаз-Антеј“ е водечка руска компанија во создавањето системи за борба против разни средства за воздушно-космички напад. Концернот ги создаде познатите противвоздушни системи како „Тор“, „Бук“ и С-400.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња