„Чувар на редот“: како помина првиот тренинг на руските стрелци во Србија (ВИДЕО)

Учесниците треба да погодат мети од автомати и пиштоли на растојание до 100 метри.

Рускиот тим го одржа својот прв официјален тренинг во рамките на етапата на гаѓање на натпреварот „Чувар на редот“ во Србија. Зелените кутии беа отворени истовремено и од руски и од српски офицери. Таму се чува највредниот имот на тимот - веќе користени автомати и пиштоли. Брза проверка и рускиот тим е подготвен.

Во гаѓањето има најмногу правила. Прво, тие мора да се претстават и да се изјаснат дека се подготвени да гаѓаат. Пред да отворат оган, мора да слушнат три команди. Гаѓањето не се изведува од една позиција - треба да се истрча одредено растојание за да се погодат сите пет мети. Некои од нив дури се покриени и со пречки. И главното и најважно правило - цевката на оружјето секогаш мора да биде насочена кон метите.

„Сé е разгледано на натпреварот до најситни детали. Мора да се навикнете на тоа, да се прилагодите на она што го правиме во моментов“, вели учесникот во натпреварот „Чувар на редот“ Владимир Черник, пренесува ТВ „Ѕвезда“.

Во рацете на војниците има полициски пиштоли и јуришни пушки, примени во вооружувањето на српската армија. Гаѓаат со кратки рафали од по два истрела. Рускиот тим тренира додека да настапи ноќта.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња