„Чувар на редотˮ на Балканот: Во Србија првпат се одржуваат Армиските меѓународни игри

Кралево, градот во кој се крунисани седум српски кралеви, се подготвува да испише нова страница од својот летопис. Тука за првпат во историјата на Србија ќе се одржат Меѓународните армиски игри, поточно натпреварот „Чувар на редот“. На припадниците на руската армија им претстои натпревар против репрезентациите на Србија, Казахстан, Иран, Кипар и Катар.

На југот на Србија руските воени полицајци планираат да ја потврдат титулата најдобри чувари на редот што ја освоија минатата година. Затоа врз рускиот тим лежи посебна одговорност и неговите членови интензивно се подготвуваат уште од првите денови на престојот на Балканот.

На стадионот на брегот на Ибар во вечерните часови тренираат руските воени полицајци. Тимот од шест члена се состои од избрани претставници на различни воени области на Русија. Тоа се оние кои покажаа најдобри резултати на квалификациските натпревари во земјата. А сега доаѓа финалето. Ним им претстои натпревар со екипите од Србија, Казахстан, Иран, Кипар и Катар.

Учесниците во натпреварот даваат сé од себе и за време на тренингот. Прават специјални вежби. Алексеј Гладков е еден од најискусните воени спортисти во тимот. Колегите од него бараат совет кога станува збор за спортска техника. Но, кога во интервјуто се зборува за неговата улога во тимот, тој вели дека тоа е заедничка работа и дека неговиот придонес е ист како и оној на другите членови на тимот.

Тука е и лекарот на екипата Сергеј Кириченко, воен хирург, експерт за повреди на бојното поле. Но, деновиве тој е повеќе спортски лекар. Неговата задача е целиот тим да го достигне врвот на формата на самиот почеток на натпреварувањето. Тој внимателно ја следи подготовката и веднаш по тренингот ја контролира физичката состојба на секој член на тимот.

Во Кралево полека се собираат екипите. Додека започнуваат тренинизте, воените полицајци се навикнуваат на климата. Пред нив се уште неколку дена подготовка. Учесниците мора да ја проучат трасата на која ќе се одржи натпреварот, да ги проверат оружјето и опремата. Натпреварот „Чувар на редот“ започнува на 29 август.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња