„Арктичкиот БТ -3Ф ги задржува високото ниво на заштита и мобилност и во исто време има нови можности за дејствување на температури до -50 Целзиусови степени. Возилото има мотор од 450 коњски сили и со полн резервоар може да помине 600 километри, може да плови, може да биде исфрлен од авион со помош на тешки падобрански системи или да се транспортира на надворешниот носач на хеликоптер Ми-26“, изјави директор на кластерот за оружје, муниција и специјална хемија на „Ростех“ Бехан Оздоев.
Возилото има автономен борбен модул со калибар 12,7 милиметри со интегрирана термовизиска камера и ласерски далечиномер. Оклопниот транспортер е наменет за транспорт на моторизирана пешадија, специјални единици, а исто така може да извршува улога и на тактички команден пункт и медицинско возило.
Возилото има заштита од студ и независен систем за греење кој може да ја одржува температурата над нулата во кабината дури и ако е исклучен главниот мотор. Покрај тоа, БТ-3Ф доби специјални гасеници со намален притисок врз земјата, што значително ја зголемува можноста возилото да се движи по груб терен.
Во зависност од комплетот, покрај екипажот, БТ-3Ф може да превезува 15 припадници на десантните сили и дополнителна опрема, на пример, беспилотен систем наменет за извидување и откривање цели.
Оклопниот транспортер е проектиран од стручњаците на Специјалното конструкторско биро за машиноградба (СКБМ) и стручњаците на „Курганмашинзавод“ од состав на холдингот „Високопрецизни системи“. Специјализираната камуфлажа за возилото ја изработи Националниот центар за индустриски дизајн и иновации 2050.ЛАБ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче