Руските ударни хеликоптери (модернизирани верзии на базичните летала Ми-28НМ „Ноќен ловец“ и Ка-52М „Алигатор“) во блиска иднина можат да добијат ракети од класата „воздух-земја“ со зголемен дострел. Станува збор за проектилот со кодно име „Изделие 305Е“ кој ќе може да се употребува против разни копнени цели на растојанија и до 14,5 километри. Токму оваа ракета е изложена на Меѓународниот военотехнички саем „Армија 2021“, пренесува веб-порталот РГ.
Инаку, основното ударно наведувано вооружување на овие хеликоптери го претставуваат ракетите „Атака“ и „Виор“, чиј дострел се движи во опсег 6-8 км (модернизираните верзии до 10 км, заб. на прев.).
Новата повеќенаменска ракета може да се наведува на целта по различни канали. Нејзината брзина изнесува 230 м/с. Типот на боевата глава е фрагментарно-разорен. Нејзината маса достигнува 105 кг, од кои на боевата глава отпаѓаат 25 килограми.
Ракетата од класата „воздух-земја“ „Изделие 305Е““ може да се користи против подвижни и неподвижни/фиксни цели, кои се наоѓаат на земјата или на површината на водата и кои имаат различно инфрацрвено зрачење во однос на стандардната околина.
Според претставникот на развојната компанија НПК „КБМ“, Александар Ромањук, борбената примена на оваа ракета е можна од системите за наведување кои се наоѓаат во стандардната опрема на ударните и борбено-транспортните хеликоптери Ми-28НМ, Ка-52(М) и Ми-8(АМТШ-ВН).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче