Русија создава мини-ракета за уништување дронови

Sonin Hybrid/Keystone Press Agency/Global Look Press
Руските конструктори пристапија кон создавање мини-ракета за уништување беспилотни летала.

Како што објави главниот конструктор на концернот „Алмаз-Антеј“ Павел Созинов, проектилот ќе претставува мала противвоздухопловна ракета. РИА „Новости“ посочува дека работите се финансираат со средства на компанијата.

Дроновите со мали димензии се сериозна закана за воените и административните објекти. Освен извидувачки мисии за наведување друго оружје, леталата можат да бидат опремени со боеви глави способни да нанесат значителна штета, пишува „Росијскаја газета“.

Во исто време, дроновите се релативно евтини за изработка и нецелисходно е да се користат конвенционални противвоздушни ракети за нивно уништување - нивната вредност може да биде сто пати поголема од уништените летала. Покрај тоа, сензорите без контакт на стандардната муниција на противвоздушните ракетни системи може да не реагираат на мини, а уште повеќе на микродронови, објасни конструкторот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња