Конструкцијата на возилото предвидува можност за инсталирање оклоп, како и можност за создавање заштитена амфибиска модификација.
Според прелиминарните податоци, теренското возило без оклоп „Стрела“ е направено врз основа на оригинална рамка, но според системите, моторот и делови на каросеријата и внатрешноста е унифицирано со моделите „Газел-NEXTˮ и „Собољ-NEXTˮ. Под хаубата се наоѓа американско-кинески турбодизел мотор Cummins ISF со волумен од 2,8 литри, а менувачот му е руски механички со 6 брзини.
Прототипот на „Стрела“ е направен од силите на Воено-индустриската компанија (ВПК) и Конструкторското биро на младината (КБМ) при Московскиот државен технички универзитет „Бауман“.
„Стрелаˮ у предњем делу поседује независни систем ослањања на опругама, док је задњи трап ослоњен на гибњевима. Предвиђен је погон на четири точка са демултипликатором.
„Стрела“ во предниот дел има независен амортизациски систем, додека задниот трап се потпира на пружини. Предвиден е погон на четири тркала со демултипликатор.
Носивоста на презентираната верзија со пет седишта е 900 килограми, додека во иднина е можно да се произведат пикап возила со две и четири врати, како и теренец со кратка основа со различни карактеристики.
Деталните технички карактеристики на новото возило ќе бидат објавени по форумот „Армија 2021“, но главните параметри најверојатно ќе бидат потврдени до крајот на неделата.
Неизвесно е дали „Стрела“ ќе се најде во сериско производство, иако постои политичка волја за создавање на нов руски теренец. Имено, во четвртиот квартал од 2019 година Владимир Путин се пожали на бавната конверзија на претпријатијата во одбранбената индустрија и навести дека на воените експерти им претстои задача да осмислат производство на возила кои ќе бидат конкурентни на цивилниот пазар.
Засега цивилното возило „Стрела“ е само прототип и на експертите допрва им претстои анализа на пазарот, да направат промени во техничката задача, да ги пресметаат трошоците за производство, да спроведат тестирања и да го поминат процесот на сертификација. Покрај тоа, воените експерти треба да развијат производство на оклопна и амфибиска верзија на возилото.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче