„Севастопол“ и „Владивосток“, носачи на хеликоптери од класата „Мистрал“
Стефан Мае/ReutersПрвите руски универзални десантни бродови (УДК), кои во моментов се градат на Крим, може да добијат во состав на вооружувањето ударни беспилотни летала од компанијата „Кронштат“, изјави во интервју за РИА „Новости“ генералниот директор на компанијата „Кронштат“ Сергеј Богатиков во предвечерието на форумот „Армија 2021“.
Во фабриката на компанијата во Дубна ќе произведуваат беспилотни хеликоптери, развиени од компанијата „Стрела“, дел од „Кронштат“. Според Богатиков, „тие исто така можат да носат оружје и да извршуваат ударни функции“.
„Со персоналот дискутиравме за прашањето за употреба на беспилотни хеликоптери на УДК. Според мое мислење, перспективните дронови кои во моментов ги има „Кронштат“, нив сигурно ќе ги обезбедат носачите на хеликоптери“, рече генералниот директор.
Првиот човек на „Кронштат“ додаде дека ако Русија некогаш се зафати со производство на носачи на авиони, на прво место ќе треба да се фокусира на беспилотната авијација.
„Барем затоа тоа што се полесни и лесно полетуваат/слетуваат од палубата на носач на авиони. Покрај тоа, тие се помали по димензии, соодветно, ќе заземаат помалку простор во хангарите на носачот на авиони“, објасни тој.
Двата универзални десантни бродови - аналог на никогаш непримените француски „Мистрали“ - беа поставени на бродоградилиштето во Керч на 20 јули 2020 година. Ги добија имињата „Иван Рогов“ и „Митрофан Москаленко“. Главниот брод од серијата ќе биде готов најдоцна до 2027 година. На УДК можат да бидат стационирани хеликоптери Ка-52К „Катран“, Ка-27, Ка-29 и Ка-31.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче