Руските дронови ќе можат самостојно да ја заобиколуваат непријателската ПВО-зона

Макета на „Орион-Е“

Макета на „Орион-Е“

Владимир Галперин/Sputnik
Генералниот директор на „Кронштат“ потенцира дека принципиелните одлуки, на пример, за употребата на оружје од дрон, сепак ќе ги носи операторот.

Руските беспилотни летала ќе можат самостојно да ја заобиколуваат непријателската ПВО-зона, изјави генералниот директор на компанијата „Кронштат“ Сергеј Богатиков, пренесува ТВ „Ѕвезда“.

„Станува збор за автоматска анализа на ситуацијата на бојното поле и донесување одлуки, на пример, за заобиколување на зоната на ПВО или зоната со неприфатливи метеоролошки услови“, истакна Богатиков во интервју за РИА „Новости“.

Според него, во моментов кај дронот „Орион“ веќе е постигнато одредено ниво на автоматизација при извршување на стандардните задачи. Може да се воведе задача за летање која машината ќе може да ја исполни самостојно.

Денес, задачата е следна: поголемиот дел од обработката на оперативните информации да се случува во самиот дрон, тоа да се прави во автоматски режим.

„На пример, една од следните фази е поврзана со самостојното гарантирање на опстанокот на апаратот. Тоа подразбира дека „Орион“ или „Сирирус“ ќе можат во автоматски режим да се реконфигурираат во лет после какви било проблеми или оштетувања“, рече Богатиков.

Тој нагласи дека важните одлуки, како што е употребата на оружје, сепак ќе ги носи операторот.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња