Руските снајперисти ќе добијат на располагање беспилотни летала

Уљјана Соловјова/Sputnik
Министерството за одбрана на Русија во арсеналот на снајперските единици ќе додаде извидувачки беспилотни летала. Снајперските парови ќе добијат дронови кои ќе им овозможат да пронајдат, идентификуваат и следат цели на растојание од неколку километри.

Ова го објави весникот „Известијаˮ, повикувајќи се на неименувани извори од рускиот одбранбен ресор.

Најпрвин извидувачки беспилотни летала ќе добијат снајперските единици на Воздушно-десантните сили. Припадниците на десантните сили ќе ја проверат ефикасноста на дроновите при извршување на задачите. Во случај да се покажат успешни, беспилотните летала ќе им се најдат на располагање на снајперските парови на морнаричката пешадија, специјални силите и копнената војска.

Карактеристиките на новите дронови што ќе ги добијат снајперистите не се објавени. Се смета дека станува збор за минијатурни квадрокоптери кои ќе можат да се сместат во ранците и ќе бидат слабо препознатливи во висина. Исто така, звукот на нивните електромотори мотори нема да се слуша од височина. Беспилотното летало ќе им овозможи на снајперистите да ја набљудуваат ситуацијата во околината на таблет. На тој начин тие ќе можат да детектираат цели надвор од полето на директна видливост. Благодарение на дроновите, снајперистот ќе може однапред да ја подготви позицијата за ефикасно гаѓање.

Воените експерти, исто така, ја разгледуваат можноста за опремување на извидничките беспилотни летала со офанзивни средства. Тоа би му овозможило на квадрокоптерот да исфрли минијатурна муниција врз група цели или да неутрализира непријателска техника.

Претходно беше соопштено дека Министерството за одбрана на Русија најверојатно во 2022 година ќе започне со обука на стручњаци за беспилотна авијација. Обуката на првите стручњаци за дронови како експеримент ќе започне оваа година во Рјазањската гардиска висока воздухопловна школа.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња