Со развој на „Охотник“ се занимава Научно-производствената асоцијација „Електромашина“ која припаѓа на концернот „Уралвагонзавод“, соопшти информативната служба на државната корпорација „Ростех“. Пет универзални борбени модули беа истоварени на територијата на „Ремдизел“, каде што потоа беа монтирани на оклопни автомобили „Тајфун-К“. Во 2020 година, тие возила учествуваа на парадата на Црвениот плоштад со „Охотник“.
За истите тие оклопни возила во 2021 година беа испорачани универзални борбени станици со подобрувања. Тие се опремени со нов митралез од руско производство, направен специјално за роботски системи. Според зборовите на заменик-генералниот директор за специјална техника на „Електромашина“ Иван Корољков, ефикасноста на погодоците, благодарение на модернизацијата, е зголемена за 20-30%.
Годинава серискиот „Охотник“ ќе биде монтиран на демонстративно возило што го прави Уралското конструкторско биро за транспортна машиноградба, како и на друга руска техника. Како истакнуваат од компанијата, универзалноста на станицата овозможува нејзина примена во различни родови на војската.
Борбената станица „Охотник“ ќе биде претставена на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче