Оваа операција беше успешно завршена и автомобилот повторно „оживеа“. Засега не е познато колку траела самата техника на полнење на акумулаторот, но судејќи според видеото, сé е завршено релативно брзо, поточно доволно за да се запали автомобилот и да се однесе до најблискиот сервис или да се продолжи со нормално возење (доколку работи алтернаторот).
АК-47 (познат во Русија како „АК“ или „Автомат Калашникова“) е автоматска пушка конструирана од познатиот советски/руски конструктор Михаил Калашников. Се користеше во многу земји од Источниот блок за време на Студената војна. Во споредба со пушките од Втората светска војна, АК е полесен, покомпактен, со помал дострел, развиен околу куршум со калибар 7,62×39 мм и има можност за избор на начинот на стрелба. Ова е една од првите вистински автоматски пушки, и сé уште е најраспространета во светот. Особено е популарна во Азија и Африка каде што, благодарение на робусната и жилава конструкција, како и сигурноста, претставува незаменливо оружје и покрај достапноста на огромна количина пушки од други производители. АК и неговите бројни варијанти се произведени и сé уште се произведуваат во голем број во споредба со другите типови автоматски пушки. Врз основа на механизмот на „Калашников“ е изградена цела серија автоматски пушки, вклучувајќи ги и најмодерните типови оружје што се произведуваат во моментов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче