Според првичните информации, несреќата се случила во Московската област, за време на пробен лет. Оваа вест за руските медиуми ја потврди извор од Воздушно-космичките сили на руската армија. Засега не се познати деталите за овој настан, кој може да биде судбоносен за понатамошната иднина на целиот проект.
Ил-112В претставува лесен воено-транспортен авион које е наменет за транспорт на товар со помал габарит, како и на жива сила. Максималната тежина на товарот што ќе го превезува овој авион нема да надминува 5 тони. Како и кај својот претходник (авионот Ан-26), станува збор за концепт на слободноносечки висококрилец кој ќе го придвижуваат два силни турбоелисни мотори. Силата на секој турбоелисен мотор ТВ7-117СТ кој ќе го движи овој авион ќе достигне 3000 коњски сили, што ќе обезбеди Ил-112В да достигнува брзина на летање од околу 550 км/ч и да пренесе група од 44 војници со полна борбена опрема на растојание од 2400 километри, без полнење гориво во воздухот.
Основните барања за време на неговата конструкција беа да се добие апарат кој ќе може да користи куси аеродромски писти, вклучувајќи и принудно слетување на полетно-летни ленти кои воопшто не се бетонирани (пустини, ливади, ниви). Исто така се инсистираше да се добие летало кое ќе биде мошне лесно за одржување, а кое ќе се одликува со висок степен на техничка издржливост за време на експлоатацијата со работен век од речиси 35 години (45000 работни часови или околу 30000 полетувања).
Авионот покрај стандардната воена верзија која ќе обезбеди сигурен и комфорен превоз на различна воена техника, борбен товар, војници со целосна борбена опрема и слично, ќе има и цивилна варијанта за превоз на класични патници (верзија со ознака –Т).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче