Орудијата на Победата: „Национален Интерес“ ги оцени советските минофрлачи од воено време

Американското издание „Национален Интерес“ објави статија во која се анализираат советските минофрлачи за време на Втората светска војна. Тие помогнаа да се победат Германците и нивните сојузници и спасија милиони советски животи на линијата на фронтот. Овие орудија се карактеризираат со мобилност и брзо распоредување.

Во триесеттите години на минатиот век СССР имаше многу различни минофрлачи, но за време на Втората светска војна тие беа стандардизирани според четири главни калибри: 50-мм четни минофрлачи, 82-мм баталјонски минофрлачи БМ-37, БМ-40 и БМ-41, 170-мм полковски минофрлачи и 120-мм тешки полковски минофрлачи ПМ-38, пренесува „Росијскаја газета“.

Експерт од САД направи опис на советските минофрлачи, пишува ИноСМИ. Минофрлачот од 120 мм е модернизација на францускиот производ. До крајот на војната, во СССР беа произведени околу 12000 такви примероци, бидејќи беше многу популарен во армијата.

РМ-38 со калибар од 50 мм влезе во вооружувањето на Црвената армија во 1938 година. Влезе во производство 1939 година. Брзо е заменет со РМ-39, РМ-40 и РМ-41, а во 1943 година одлучено е целосно да се исфрлат минофрлачите од 50 мм.

Војниците претпочитаат минофрлачи со поголема способност за уништување. Такви се БМ-41 од 82 мм, кој влезе во сериско производство кон крајот на 1941 година. Има мобилна основа на тркала и потпорна плоча со заоблена структура.

Подоцна се утврдува дека кога тркалата се вадат се поместува центарот на гравитација. Затоа, верзијата се подобрува до БM-43. Таа има подобрувања во конструкцијата на основата, на која тркалата не се вадат. Тоа ја зачувува подвижноста и овозможува минофрлачот да може да се тегне.

Овие минофрлачи беа користени за време на втората половина на Втората светска војна. Нивната брзина на стрелба е 15 до 20 истрели во минута. За гаѓање се користат експлозивни гранати со тежина од 3 кг и со дострел до 3000 метри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња