Во Русија започнаа испитувањата на јадлива вакцина

Legion Media
Во Санкт Петербург започнаа тестирањата на првата јадлива вакцина со вкус на рјаженка (ферментирано печено млеко).

Научници од Санкт Петербург започнаа со тестирање на вакцина против коронавирус базирана на бактерии на млечна киселина, изјави раководителот на одделот за молекуларна микробиологија на институтот, дописен член на Руската академија на науките Александар Суворов, пишува ТАСС.

Со разработката на првата во светот вакцина со вкус на рјаженка се занимава Институтот за експериментална медицина. Во моментов експертите ја тестираат на животни. „Вакцината совршено ќе одговара за деца и возрасни“, нагласи научникот. Тој е сигурен во безбедноста на производот.

Научниците се убедени дека вакцината предизвикува одржлив имунолошки одговор. За тоа зборува зголемувањето на антителата во крвта на животните - имуноглобулини од класите A (IgA) и G (IgG). Препаратот го доби прекарот вакцина-рјаженка поради содржината на бактерии на млечната киселина-пробиотици во производот.

Експертите ветуваат дека препаратот ќе делува „меко“ на организмот. Вакцината ќе треба да се прима на секои шест месеци. „Овој пробиотички сој живее некое време во цревата и исчезнува по една недела, откако ќе си ја заврши задачата“, објасни Суворов. Експертите ветуваат дека ќе ги претстават резултатите од студијата во ноември. После тоа, ќе започнат клиничките испитувања на лекот.

Во иднина се планира вакцината да се продава во аптеките во вид на капсули. Претходно Суворов потенцираше дека вкусот на вакцината нема да се разликува од вкусот на обична рјаженка, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња