На форумот „Армија 2021“ ќе биде претставен шредер кој тајните документи ги претвора во прав

Ростех
Руската машина за уништување документи со највисоко ниво на тајност ќе биде промовирана на форумот „Армија 2021“. Таа буквално прави прав од тајни документи.

„Холдингот „Роселектроника“ на државната корпорација „Ростех“ започна да произведува шредери со највисоко ниво на тајност. Овие уреди уништуваат хартиени документи, пластични картички, ЦД и ДВД дискови до најситни делчиња без можност за нивно реконструирање. Првпат овој производ ќе биде покажан на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2021“ што ќе се одржи од 22 до 28 август во Московската област“, соопшти на 12 август информативната служба на компанијата „Ростех“.

Во соопштението се истакнува дека шредерот сече лист A4 на фрагменти со големина 0,8х1 мм (за споредба: линија повлечена со пенкало е дебела најмногу 1,5 мм).

„Новиот шредер овозможува максимално ниво на заштита на доверливи информации. Уредот од таква класа е наменет за органите на безбедноста, даночните органи, банките и индустриските претпријатија. Засега е направен пробен примерок, а сериското производство ќе стартува до крајот на годината. Капацитетите на претпријатието овозможуваат годишно да се прават 5000 шредери“, коментира Сергеј Сахненко, генерален директор на Обединетата корпорација за производство на уреди (повереничка компанија на холдингот „Роселектроника“).

Од „Ростех“ прецизираат дека машината одговара на највисокото ниво на тајност Р-7 и се прави од руски делови. Производството на шредерот веќе е стартувано во Новосибирската фабрика за производство на електронски компоненти и уреди „Оксид“ (припаѓа на холдингот „Роселектроника“).

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња