Аналитичарот на списанието Popular Mechanics беше изненаден од подготвеноста на специјалците на двете земји да ги совладаат сите пречки, вклучително и минување низ „огнени прстени“ на полигонот. Особено што во вооружените сили на НАТО такви вежби не се практикуваат.
„Скокањето низ обрач во пламен или движењето низ тунел зафатен од оган повеќе изгледаат како демонстрација на лична храброст или како чин на посветеност на работата“, се наведува во изданието.
Инаку, Сурхандаринската област на Узбекистан, каде што се наоѓа полигонот Термез, се граничи со Авганистан и Таџикистан, и затоа војниците на двете земји вежбаа одбивање напади на терористи од различни правци.
Според сценариото на вежбите, на територијата на „Република Согдијана“ навлегле од „Република Бактрија“ големи групи терористи. Напомош на војниците на „Согдијана“ дојдоа силите на „Северната Федерација“. Централната епизода на маневрите беше воздушен напад со хеликоптери и бомбардери Ту-22М3 врз одредите на терористите и нивните кампови за обука.
Во копнената операција на чистење на населените места војниците увежбуваа борбена соработка на тенкови, артилерија и офанзивно-јуришни одреди. Во вежбите учествуваа околу 1500 војници и офицери, како и 200 единици техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче