НОСИ ПО 5 ИЛЈАДИ ЛИТРИ ВОДА: Србија набавува два супертешкаши Ка-32 за гаснење пожари?

Ка-32А11ВС

Ка-32А11ВС

Пресс-служба "Вертолеты России"
Се работи за летало кое претставува глобален лидер во сложените операции за гаснење пожари. Неговите летечко-технички карактеристики, робусноста на конструкцијата, големата носивост на надворешните носачи, како и интеграцијата на различна специјална опрема прават во моментов да нема конкуренција во светот. Со оваа набавка Србија би станала регионална сила кога станува збор за оспособеноста на воздушните капацитети за борба против пожари со висок интензитет и површина на распространетост.

Според зборовите на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, оваа земја има намера да набави два руски хеликоптери Ка-32 (веројатно последната модификација Ка-32А11ВС) кои се специјализирани за гаснење пожари, пренесува „Борбени Ефективи“. Со оваа набавка Србија во секој случај би станала регионална сила кога станува збор за оспособеноста на воздушните капацитети за борба против сé почестите огнени стихии кои практично секоја година го потресуваат медитеранското подрачје на Европа. 

Засега не се познати повеќе информации кога станува збор за деталите на оваа набавка. Се претпоставува дека се работи за најновата модификација на леталото кое ја носи ознаката Ка-32А11ВС. Во основа се работи за повеќенаменски хеликоптер кој може да се користи во различни мисии како во цивилниот, така и во воениот домен на работењето.

Благодарение на неговите летечко-технички карактеристики, робусноста на конструкцијата, големата носивост на надворешните носачи, како и интеграцијата на разновидна специјална опрема (специјални витли за групно извлекување на настрадани, хидраулична дигалка со ножици за тешки товари, итн.), овој хеликоптер е идеален за опремување на единици за вонредни состојби (елементарни непогоди).

Неговата улога е особено нагласена во операциите за гаснење големи пожари (непроодни шуми, станбено-деловни згради - повеќекатници, индустриски хали итн.), каде што е многу тешко или речиси невозможно да се дејствува со копнени противпожарни средства. 

Леталото е долго 12,24 метри, има максимална брзина од 260 км/ч. Може да прими до 13 лица со полна опрема (на пр. група пожарникари) плус тројца членови на екипажот. Ефективниот долет на леталото со полн резервоар изнесува 650 километри. 

Она што е особено важно е дека Ka-32A11ВС на надворешните носачи може да носи специјална кофа со капацитет од дури 5 илјади литри вода, што е 3-5 пати повеќе од стандардните системи што ги носат сегашните хеликоптерски капацитети на српското МВР (Сектор за вонредни ситуации). Оваа водена бомба е во состојба не само да локализира, туку и целосно да изгасне пожар со висок интензитет кој зафатил подрачје со леснозапаливи материи: подрачје обраснато со густа и сува вегетација, предмети од пластика, гума, дрво, итн.

Благодарение на своите летечко-технички карактеристики, Ka-32A11ВС е многу погоден за експлоатација на тешки терени, како во фаза на „зафат на вода“, така и во „фаза“ на гаснење пожар. Покрај тоа, во комплет со хеликоптерот доаѓаат и противпожарни системи кои можат да го гаснат просторот пред и странично од леталото, што е особено важно при гаснење пожари во солитери.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња