Во рускиот авион пристигнаа две екипажи и стручњаци за техничко одржување. Веднаш откако авионот слета на аеродромот, екипажите воспоставија контакти со претставниците на службите за итни случаи на Грција заради координација и решавање на прашањата од организациска природа.
Подоцна се очекува и пристигнување на авион Ан-124, кој ќе префрли два хеликоптери Ми-8.
Два авиони Ил-76 и два хеликоптери Ми-8 беа испратени во Грција по одлука на рускиот претседател Владимир Путин, врз основа на вонредно барање на владата на Грција. Во понеделникот, 9 август, премиерот на земјата Кирјакос Мицотакис му се обрати на претседателот на руската влада Михаил Мишустин, а министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас на својот руски колега Сергеј Лавров со молба да испратат воздухопловна техника за гаснење пожари. Русија веднаш одговори позитивно на ова барање и претседателот Путин наложи да се зголеми руската група во Грција.
Во Грција беснеат шумски пожари од почетокот на август. Изгореа десетици илјади хектари територија. Најразорните пожари го зафатија регионот на главниот град Атина, островот Евбеја и полуостровот Пелопонез. Во моментов во гаснењето на пожарите во Грција учествува руски авион Бе-200, при што грчката страна високо ја оценува неговата ефикасност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче