Се продава редок блиндиран џип Т-98 „Комбат“

Александар Черних/Russian Look/Global Look Press
Ова теренско возило чини 106 милиони рубли. Според неговиот сопственик, во моментов тоа е единствениот примерок што се продава.

Во Минск е објавен оглас за продажба на редок блиндиран автомобил Т-98 „Комбат“. Возилото е произведено 2017 година и во изминатите четири години поминало 400000 километри. Неговиот сопственик вели дека во моментов тоа е единствениот примерок што може да се купи. Сопственикот го нуди својот сребрен теренец за 106 милиони рубли.

 

Блиндираното теренско возило Т-98 „Комбат“ е конструирано во Санкт Петербург уште во 1998 година. Беше наменето за членовите на владата и претставници на руската елита. Во прашање е еден од најбрзите блиндирани теренци на светот. Балистичкото ниво на заштита оди до нивото Б7 - возилото има комбиниран металнокерамички оклоп, стакло дебело 100 милиметри, заштитено е од оган од снајперско оружје со калибар 12,7 мм и противтенковско оружје.

„Комбат“ имаше две модификации. Една е седан со пет седишта и друга караван со девет или дванаест седишта. Сите примероци имаа каросерија со конструкција од едно парче метал, додека во шасијата се користени склопови и погонски делови од компанијата „Џенерал Моторс“. Слични делови, на пример, имаа тешките теренски возила Suburban.

Автомобилот кој се продава има бензински мотор V8 8.1 GM-Vortex 400 КС и вртежен момент од 627 Nm, како и автоматски менувач Allison со шест брзини. Декларираната максимална брзина на „Комбат“ изнесува 180 км/ч. Интересно е што производителот во спецификациите наведува потрошувачка од само 16 литри гориво во град и 13 литри на отворен пат.

Конструкторското биро „Парфјонов“ кое го направи ова теренско возило секоја година исфрла најмногу десет примероци на „Комбат“, и сите тие се склопуваат по нарачка. На почетокот креаторите планираа да ги прават овие автомобили и за руската армија, но нивната цена беше превисока. Од друга страна, за овој модел се заинтересира МВР на Србија и откупи партија од 16 возила.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња