Експерт: Едно лице во Русија зарази со коронавирус 1,5 илјади луѓе

Sven Hoppe/Global Look Press
Како што изјави Александар Семенов, раководител на филијалата на Центарот „Вектор“ на „Роспотребнадзор“ во Екатеринбург, ова е максимален случај на суперраспространување забележан во земјата.

Едно лице во Русија заразило со коронавирус истовремено 1,5 илјади луѓе, ова е максималниот случај на суперпролиферација забележан во земјата, изјави Александар Семенов, раководител на огранокот на Државниот научен центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“ на „Роспотребнадзор“ во Екатеринбург, пренесува ТАСС.

„Во Русија има регистрирано случај на максимален суперсидинг или суперраспространување (superseeding), кога едно лице зарази 1500 луѓе одеднаш“, изјави експертот.

Семенов објасни дека, според статистичките податоци, еден пациент со коронавирусна инфекција при инфицирање со стандардната верзија на коронавирусот заразува од две до три лица, со вирус на делта-сојот - од пет до шест лица, додека суперраспространувачот може да зарази значително повеќе од просечниот број.

„Сите ние разбираме дека коронавирусната инфекција се шири преку воздух и капки, односно се шири максимално преку социјални контакти. Ако некое лице не ја почитува социјалната дистанца, не носи маска, особено ако не се чувствува многу добро, < ...> оди во преполн вагон на метрото, доаѓа на работа и почнува да се гушка и бакнува со секого, тогаш има шанса да стане супер-распространувач и да зарази огромен број луѓе. Со своето непочитување на нормите за социјална дистанца тој создава можности за суперширење на инфекцијата“, истакна експертот.

„За жал, придонесот на супер-распронстранувачите во заразувањето на луѓето е доволно голем“, заклучи Семенов.

Во Русија, според податоците на федералниот оперативен штаб за борба против коронавирусот, регистрирани се 6402564 случаи на зараза, 5720353 оздравеа, 163301 починаа. Владата на РФ го пушти во работа ресурсот стопкоронавирус.рф за информирање за ситуацијата во земјата

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња