Heracléum sosnówsky (на руски „борщевик Сосновского“) кој неконтролирано расте на просторот на Русија, нанесувајќи штета на земјоделството, луѓето и животните и кој предизвикува изгореници и алергии на кожата, може да се користи за производство на лекови против псоријаза.
Етеричните масла, со кои се богати лисјата и плодот на билката, не предизвикуваат отпорност на микроорганизми и имаат антивирусно и антимикробно дејство. Екстрактот на опасниот плевел, кој е ефикасен во лекувањето на кожни болести, го направија студенти на Алтајскиот државен универзитет.
Листовите и плодовите на ова растение се богати со етерични масла кои содржат фуранокумарини, чии два вида можат да помогнат во запирањето на кожните болести, велат научниците.
За споменатите резултати веќе покажа интерес Московскиот центар за псоријаза. Со производството на препарати од боршчевик би се решиле два проблема. Би се добиле фармаколошки активни супстанции за лекување на псоријаза и ликвидиран плевел со кој се обраснати големи површини, нагласуваат истражувачите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче