Генерална проба на военопоморската парада во пресрет на прославата на 325-годишнината од формирањето на Воената морнарица на Русија, 22 јули 2021, Санкт Петербург.
Elena Dunn/Global Look PressКорисниците на кинескиот сајт Guancha.cn интензивно ја коментираат парадата по повод Денот на Воената морнарица на Русија што се одржа на 25 јули во Санкт Петербург.
Повеќето читатели изразуваат воодушевување од руските воени бродови, изјавувајќи дека кинеските бродови „би се изгубиле меѓу такви џинови“.
„Секој голем брод е веќе одредена сила! Русите стварно не се лоши“, пишува еден од нив.
„Брод долг 124 метри дава впечаток како да е долг 421 метар“, додава друг.
Еден коментатор споредува руски крстосувач со кинески и заклучува дека Кина речиси го достигнала нивото на Русија.
На некои читатели им е жал што на парадата во Санкт Петербург немаше бродови на кинеската воена морнарица.
„Зошто не испративме наш брод? Тоа е навистина чудно!“, се прашува guan_15563825741299.
„Штета што ќе мора да пловиме предалеку за учество во парадата“, пишува друг корисник.
На парадата посветена на 325-годишнината од формирањето на руската флота учествуваа морнари од Балтичката, Црноморската, Северната и Тихоокеанската флота, како и бродови на Касписката флотила и воено-поморската база во Сирија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче