Во генералната проба, од која снимки на Фејсбук објави руското Министерство за одбрана, учество зедоа сили од сите флоти и флотили авионо од транспортната и специјалната авијација, едрилици и чамци на Пограничната служба на ФСБ.
Меѓу бродовите и подморниците кои учествуваа во пробата на Нева, во Финскиот залив и во водите на Кронштат, беа ракетниот крстосувач „Маршал Устинов“, големиот противподморнички брод „Вицеадмирал Кулаков“, новиот ракетен подводен крстосувач за стратешка намена според проектот „Бореј-А“ „Кнез Владимир“, нуклеарните подводни ракетни крстосувачи „Вепар“ и „Орел“, фрегатата „Адмирал Касатонов“, големите десантни бродови „Петар Моргунов“, „Оленогорски рудар“, корветите „Гремјашчи“, „Стојки“, малите ракетни бродови „Одинцово“, „Зелен Дол“, „Град Свијажск“, бродовите за противминска одбрана „Александар Обухов“ и „Владимир Емелјанов“, дизел-електричните подморници „Петропавловск-Камчатски“, „Волхов“, „Краснодар“, „Владикавказ“ и „Дмитров“, тактички групи десантни, патролни и противдиверзантски чамци, како и чамци на пограничната служба на руската Федерална служба за безбедност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче