МАКС-2021 година. За првпат на оваа изложба беше претставен авион чии крила се изработени од композитни материјали. Експерти и научници од Московскиот државен универзитет и „Росатом“ се вклучени во развојот и производството на руски композитни материјали.
Rosatom/Global Look Press„Убеден сум дека модерната, ефикасна и безбедна руска техника од руско производство ќе им помогне на нашите авиокомпании да ја задоволат зголемената побарувачка за летови, ќе заземе достојно место на светскиот пазар и со тоа ќе ги зајакне позициите на Русија како еден од признатите лидери во авиокосмичката индустрија“, рече Путин, пренесува 1prime.ru.
Шефот на руската држава ја потенцираше важноста од развојот на беспилотни летала и роботизирани системи, како и употребата на вештачка интелигенција во авијациската индустрија.
„Се разбира, Русија е отворена за соработка во областа на авијацијата и космонаутиката со сите заинтересирани земји. Зголемувањето на безбедноста на летовите, намалувањето на негативното влијание на авијацијата врз животната средина, проучувањето на земскиот простор - тоа се областите во кои научниците, конструкторите и другите експерти треба да се обединат за да постигнат нови успешни резултати“, изјави рускиот лидер.
Склучувањето договори на авиокосмичкиот саем МАКС-2021 отвора широки можности за соработка и заеднички проекти, потенцира Владимир Путин. Тој истакна дека во текот на целиот период на своето постоење МАКС стана важна и барана платформа за презентација на најновите достигнувања на руската и странската авијација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче