Компанијата ZALA Aero (дел од компанијата „Калашников“ која се наоѓа во состав на државната корпорација „Ростех“) на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2021ќе го претстави првото домашно беспилотно летало на хибриден погон. Ова им го пренесе на заинтересираните новинари во петокот информативната служба на компанијата „Калашников“.
„Беспилотното летало ZALA 421-16E5G е еден од новитетите кои ќе ѝ бидат презентирани на пошироката јавност за прв пат на штандот на компанијата ZALA Aero (Меѓународен авиокосмички саем МАКС-2021“). Станува збор за летало наменето за мисии на воздушен мониторинг во оддалечени зони, што го прави многу интересно за употреба во енергетскиот/нафтено-гасниот сектор. Првите модели на ова беспилотно летало веќе се наоѓаат во експлоатација каде што вршат надзор на топлинско-енергетската инфраструктура“, истакнуваат од компанијата, пренесува веб-порталот ТАСС.
Што се однесува до неговите основни летечко-технички карактеристики, познато е дека неговата автономија ќе изнесува респектабилни 12 часа лет, при што за тоа време е способно да помине растојание од повеќе од 1200 км и да реализира воздушен мониторинг на оддалеченост поголема од 100 км од командно-контролната станица. Според производителот, посебна карактеристика на леталото со ваков тип на погон е неговиот екстремно слаб шум за време на летот кога електричниот блок на моторот се напојува преку акумулаторска батерија. ZALA 421-16E5G во практично нечуен режим на работа може да лета 60 минути, додека времето за повторно полнење на батеријата е само 120 минути (ритам на работа: 2 часа. Мотор со внатрешно согорување/1 час електричен мотор).
Новото беспилотно летало дрон може да носи комбиниран товар со оптоелектронска опрема што има две камери за термичка слика и видеокамера со висока резолуција со зголемување од 60x. Како што наведуваат од информативната служба, преносот на сликата се реализира во HD формат (1280х720), така што операторот на командно-контролниот пункт има можност детално да го следи теренот над кој се врши надзорот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче