Како што појасни Шојгу, руската војска модернизираше дури 71 отсто од вкупниот арсенал со кој располага.
Зборувајќи за нуклеарните стратешки сили на Руската Федерација, Шојгу рече дека тие ја претставуваат основата на нуклеарното одвраќање, а тие се модернизирани дури 83 отсто.
„Во последниве осум-девет години успеавме кардинално да ја измениме целокупната ситуација поврзана со вооружените сили, како и по прашањето на односот на јавноста спрема нашата војска“, констатира рускиот министер.
„Но, најважно е тоа што ја модернизиравме војската. Денес во тоа нема никаков сомнеж. Ако пред девет години зборуваа дека на парадите покажуваме канти во кои нема ништо, денес тоа повеќе никој не може да го каже“, заклучува Шојгу.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче