Руски МиГ-31(БМ) и Су-35 пресретнаа американски „ракетоносец“ над Беринговото море

Youtube
Руското Министерство за одбрана објави информација за најновата активност на американските борбени летала во близина на рускиот воздушен простор. Дежурните воздухопловни сили составени од ловци-пресретнувачи МиГ-31 и повеќенаменски ловци од генерацијата 4 ++ полетаа во пресрет на „натрапникот“.

Според рускиот веб-портал ТАСС, два дежурни ловечко-пресретнувачки пара, составени од борбени летала Миг-31(БМ) и Су-35, пресретнале американски стратешки бомбардер Б-52 над Беринговото море. Засега нема дополнителни информации за овој најнов случај на активности на американските стратешки воздухопловни ефективи во близина на рускиот воздушен простор.

Модернизираниот ловац-пресретнувач МиГ-31БМ (Foxhound според кодификацијата на НАТО) е наменет за пресретнување воздушни цели на големи дистанци кои според борбениот радиус се недостапни за класичните ловци. Борбените апарати од овој тип се способни да решаваат задачи во услови кои ги диктираат современите облици на управување со борбените дејствија, како што е мрежноцентричниот облик на комуникација со практично сите учесници во борбата. Благодарение на интеграцијата на современиот напаѓачко-навигациски систем и вооружувањето од нова генерација, ефикасноста на ловецот-пресретнувач МиГ-31БМ во однос на претходната верзија на МиГ-31 е зголемена за речиси три пати.

Подобрената погонска група, која се состои од двопроточни турбомлазни мотори Д-30Ф6, овозможува авионот од скоро 46 тони да се доведе до границите на хиперсонична брзина (максималната брзина на Миг-31 изнесува 3000 км/час). Плафонот на летот е 20600 метри. Оперативниот опсег на авионот вооружен со четири ракети Р-37/Р-33 со два поткрилни резервоари со гориво изнесува 3000 км. Авионот има способност да дополнува гориво во воздух (воздушен танкер).жМиГ-31БМ е опремен со радарска станица која има високочувствителна фазна антенска решетка (ФАР). „Заслон-М“ која може да дофрли на оддалеченост и до 320 километри. Тоа се речиси 120 километри повеќе во однос на основната верзија на овој радар. Исто така, овој радар сега може да открие цел со големина на ловец на оддалеченост од 150, 200 и повеќе километри.

Новиот офанзивно-навигациски систем овозможува истовремено следење на 24 цели, од кои компјутерот или операторот ги избира најопасните и го насочува огнот кон нив. Еден МиГ-31БМ сега може наместо четири да гаѓа и до осум различни цели. За овој авион е развиена и ракетата со голем дострел Р-37 која има оперативен дострел од дури 300+ километри. Оваа ракета нема апсолутно  никаква конкуренција во светот (американската ракета воздух-воздух со најголем дострел AIM-47 „Falcon“ има максимален дострел од 210 километри). Со вакво вооружување МиГ-31БМ може да пресретнува балистички и крстосувачки ракети, а исто така и да уништува непријателски сателити кои оперираат во блиската Земјина орбита (проект на противсателитска ракета со кинетичка боева глава 79М6 „Контакт“). Борбена патрола составена од четири авиони МиГ-31БМ може да покрие простор од околу 380 илјади метри квадратни (Република Македонија има површина од 25713 километри). Покрај ракетата Р-37 тука се и нешто постарите ракети Р-33 со дострел од 160 километри на час, како и ракетите Р-73 со мал дострел кои се особено ефикасни во услови на догфајт.

Су-35 е модернизиран суперманеварбилен повеќенаменски ловец од генерацијата 4++, кој е конструиран со помош на технологијата од петтата генерација. Небесниот крстосувач се карактеризира со висококвалитетна авионика, која се базира на комплексен компјутерски информационо-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем на согорување со зголемена моќност и контролирани вектори на потисок. Според нивните карактеристики, овие мотори можат да се применат и на ловци од петтата генерација, бидејќи обезбедуваат суперсонична брзина без дополнително согорување.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња