Концернот „Алмаз-Антеј“ стана единствената компанија од рускиот одбранбено-индустриски комплекс кој влезе во рангирањето на 20-те најголеми одбранбени компании во светот, составено од американското издание Defense News.
Рангирањето е подредено според обемот на приходите за 2021 година. Првите пет места ги заземаат американските компании Lockheed Martin, Raytheon Technologies, Boeing, Northrop Grumman и General Dynamics. По нив следат претпријатија од Европа и Кина.
Алмаз-Антеј го зазема 20 место со приходи од над 6 милијарди долари (над 5 милијарди евра), што е за три места помалку во споредба со истото рангирање од минатата година.
Во првите 100 влезе и уште едно руско претпријатие – корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“. Со приходи од 2,9 милијарди долари (2,4 милијарди евра) таа се наоѓа на 42-то место, во споредба со 35-то во 2020 година.
Руслан Пухов, директор на Центарот за анализа на стратегии и технологии, изјави дека треба да се биде внимателен со рангирањата составени од американски експерти.
„Таа визија е интересна, достојна за почит, но не е света книга. Треба да знаеме дека рангирањето се прави според отворени податоци. И авторите ги користеле податоците што сакале да ги соберат, кои успеале да ги соберат“, изјави експертот за РИА „Новости“ во понеделникот.
Тој смета дека малиот број руски компании не е случаен: „Или Американците не сакаат да нé вклучат, или нашите компании претпочитаат да молчат, бидејќи многу од нив може да бидат причина за воведување дополнителни санкции“.
Наглото зголемување на кинеските претпријатија во рангирањето Пухов го поврзува со желбата на американските специјалисти да наметнат „слика“ на милитаризиран Пекинг. Покрај тоа, истакнува тој, невозможно е да се проверат податоците за приходите дадени од кинеските компании, како и реалните обеми на нивното воено производство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче