„Калашников“ прави супкомпактен автомат

Пиштолот „Лебедев“ е најновиот модел на компактно стрелечко оружје на концернот „Калашников“.

Пиштолот „Лебедев“ е најновиот модел на компактно стрелечко оружје на концернот „Калашников“.

Wikipedia/Aazbeszt/ CC BY-SA 4.0
Конструкторите на концернот „Калашников“ планираат да направат супкомпактен автомат (пиштол-митралез). Токму овој вид ново оружје ќе го замени автоматскиот пиштол „Стечкин“.

Новото стрелечко оружје ќе биде создадено врз основа на технологиите користени во конструирањето на најновиот пиштол „Лебедев“.

Ова за агенцијата ТАСС го изјави главниот конструктор на „Калашников“ Сергеј Урјумцев. Истовремено тој истакна дека не е сосем коректно да се зборува за целосна замена на автоматскиот пиштол „Стечкин“, затоа што тој е повлечен од производство и од арсеналот. Стручњаците веќе работат на ново оружје и ги разгледуваат техничките задачи, како и потенцијалните купувачи. Тоа ново оружје ќе биде супкомпактен автомат.

Пиштолот „Лебедев“ е најновиот модел на компактно стрелечко оружје на концернот „Калашников“, кој е дел од корпорацијата „Ростех“. Сега конструкторите работат на негова суперкомпактна модификација.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња